Моделот CLS ќе биде уште една жртва на електрификацијата

Mercedes-Benz се обидува да ја поедностави својата гама на модели што е можно повеќе со цел да инвестира во својата амбициозна програма за развој на електрични возила. Затоа производителот од Штутгарт веќе се откажа од родстерот SLC, чија продажба беше прекината, а истото се случи со купе и кабриолет верзиите на Ѕ-класата. По нив ќе следат истите верзии на C-класата, а развојот на седанот CLC е запрен.

Сега е јасно дека уште еден познат модел на Mercedes – CLS, исто така, нема иднина и ќе биде прекинато неговото производство. Според Automotive News, одлуката за напуштање на моделот на американскиот пазар е веќе донесена, додека во другите земји каде се нуди овој модел, сè уште е нејасно што ќе се случи.

Таквиот потег е сосема логичен, особено затоа што германскиот производител ја нуди седан верзијата на Е-класата, кој технички во голема мера го повторува CLS, како и поголемото купе со четири врати AMG GT. Се тврди дека заедно со CLS, од гамата на модели може да отпаднат и купе и кабриолет верзиите на Е-класата, како и еден од претставниците на семејството AMG GT – најверојатно кабриолет верзијата.

Не е јасно кога овие модели ќе бидат укинати. Сепак, нивната суспензија нема да влијае на големината на гамата на марката, која планира да лансира најмалку 5 целосно електрични модели оваа и следната година.