Верувале или не, Mercedes во последните 75 години има произведено неверојатни 50 милиони автомобили

А јубилејниот 50-милионити примерок е новата Maybach S-Class, која се произведува во фабрика позната како Factory 56. Во истата фабрика се создава „обичната“ S-класа, а таму ќе се произведува и EQS.

„50 милиони возила се значајно достигнување во историјата на нашата компанија, но исто така и извонреден успех на нашиот тим“, вели членот на управниот одбор на Мерцедес, Јорг Бурзер, додавајќи: „Сакам да им се заблагодарам на сите колеги во фабриките ширум светот за нивната посветеност. и страста во производството на нашите sвезди овозможува да се остварат желбите на нашите клиенти од целиот свет“.

Mercedes наскоро ќе започне електрична офанзива со вкупно шест EQ модели кои ќе започнат со производство до следната година. Исто така, Mercedes од следната година планира да воспостави јаглерод неутрално производство во сите свои фабрики.