Mercedes-Benz е највреден автомобилски бренд
Според последниот извештај за проценка на вредноста на автомобилските брендови, таканаречениот Brand Finance Report за 2018 година, Mercedes-Benz е највредна автомобилска марка
Вкупната вредност на брендот Mercedes-Benz во моментов е проценета на 43,9 милијарди долари, што претставува зголемување од 24% во однос на претходната година. Според луѓето кои го составиле извештајот, скокот на Mercedes-Benz е воглавно благодарение на високиот раст на продажбата во изминатиот период.
На второт место е Toyota чија вредност се проценува на 43,7 милијарди долари. Toyota во 2017 година има пад од 6 проценти. На третото место е уште еден германски премиум гигант – BMW, со вредност од 41,8 милијарди американски долари. Четврто место е за Volkswagen (25,01 милијарди долари).
Најголем скок на вредноста на брендот има Aston Martin од дури 268% споредбено со резултатите од претходната година. Вредноста на британскиот бренд се проценува на 3,6 милијарди долари, што е доволно за 24-то место на листата.
Извршниот директор на Aston Мartin, Енди Палмер, вели:
„Овие резултати се доказ за успешната глобална стратегија на нашата компанија“.
Кина одамна е најважниот автомобилски пазар во светот, но и тамошната индустрија во овој сектор брзо се развива. Така, меѓу првите 50 автомобилски брендови на глобално ниво, шест производители се од Кина: Haval, Geely, BYD, Baojun, Foton и JAC Motors.
Напомена дека проценките за вредноста се однесуваат поединечно на производителите, а не на групации како Volkswagen Group, PSA, FCA и други.