Mercedes-Benz е најуспешен премиум бренд за 2017 година?!
Германскиот Mercedes-Benz е најголем производител на премиум модели за 2017 година, барем така тврдат од компанијата
За 12 месеци компанијата продала 2.289.344 нови автомобили во светот, што е за 9,9% повеќе од 2016 година. Најпопуларниот модел на брендот е C-Class со 415.000 продажби.
Резултатот се должи на одличните перформанси на клучните пазари – Кина, Германија и САД. Дома, Mercedes продал повеќе од 300.000 автомобили, а за цела Европа резултатот е 955.301 единици. Ова е 6,4% повеќе од 2016 година.
Во северноамериканската зона за слободна трговија (НАФТА), која ги вклучува САД, Канада и Мексико, компанијата има реализирано 400.320 продажби, со раст од само 1,3%. Само во САД има намалување во однос на 2016 година – 0,9% или продажба од 340.000 единици. Според претставниците на компанијата, ова се должи на намалувањето на побарувачката на седаните.
Според тоа, најголемиот раст на продажбата се бележи кинескиот пазар. Во 2017 година се продадени 587.868 нови автомобили, што е за 25.9% повеќе од претходната година.
„Минатата година Mercedes-Benz Cars испорача повеќе од 2,4 милиони Mercedes-Benz и Smart автомобили за купувачите ширум светот”, вели Дитер Цече, претседател на Daimler AG и директор на Mercedes-Benz Cars. „Со тоа ја надминавме продажбата на единици од претходната година седми пат по ред. Со Mercedes-Benz, нашиот основен бренд, повторно сме најпродаван премиум бренд за 2017 година“.
Ова последното неможеме официјално да го потврдиме, бидејќи сеуште се чекаат годишните извештаи од BMW, Audi и останатите премиум бренодови.