Euro NCAP ја објави листата на најбезбедни автомобили по сегменти за изминатата година, а најмногу причини за задоволство имаат во Volkswagen

Минатата година, низ краш тестовите на Euro NCAP поминале речиси 70 автомобили. Некои останале непрепознатливи, но некои се исклучително безбедни.

Меѓу оние со најдобри резултати односно најбезбедните се дури три модели на Volkswagen. Polo е најбезбедниот автомобил во категоријата супермини, T-Roc е најдобар во сегментот на мали теренски возила, а Arteon е најбезбедна лимузина за изминатата година.

Volvo е сеуште синоним за безбедност. Моделот XC60 е најбезбеден голем SUV модел, но исто така и најдобро оценет модел во целокупната конкуренција.

Opel од 2017 година е во рацете на Французите, а титулата за најбезбеден мал MPV е токму за Opel Crossland X.

Конечно, тука е и Subaru, чии модели XV и Impreza се носители на титулата најбезбедеб мал семеен автомобил.