На европскиот пазар моделот доаѓа само со еден мотор

Во време на електрификација која полека навлегува во сите автомобилски сегменти, па оттаму и откажување од некои модели, Mercedes сепак го задржува CLA Shooting Brake, а новата генерација воедено дизајнерско чедо на нашиот Славче Таневски е поубава во секој поглед.

Моторната гама ќе ја чинат линија на дизел и бензински мотори, а оној во предводникот е 2.0-литарски бензински 4-цилиндерски турбо (225 КС, 350 Nm) во комбинација со 7-степен автоматски менувач со две спојки. Во иднина, опсегот на моторната гама ќе се прошири и со моќни AMG верзии.

Изгледот зависи од избраниот пакет – Progressive или AMG Line, а во вториот случај автомобилот ќе има браници и прагови со поагресивен изглед.

Во споредба со својот претходник, новиот CLA Shooting Brake пораснал во речиси сите правци: меѓуоскиното растојание е зголемено за 30 mm до 2.729 mm, должината веќе е 4.688 mm (+48 mm), а ширината – 1.830 mm (+53 mm). Единствено намалување е висината и тоа за само 2 mm до 1.442 mm за поголема елеганција на профилот. Аеродинамичното подобрување на каросеријата овозможило коефициент на отпор од 0.26 (кај CLA со четири врати истото е 0.23).

Патничкиот салон сега е попростран. На пример, просторот за лактите на патниците напред се зголемил за 35 mm, а за оние во вториот ред за 44 мм, додак над главите на патниците позади има дополнителни 8 mm слободен простор. Сеуште има малку простор за колената на патниците позади, бидејќи дополнителниот простор е само 1 mm. Волуменот на багажникот е зголемен од 495 на 505 литри. Она што е поважно е дека отворот на багажникот сега е многу поголем (од 635 на 871 милиметри).

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”14l7jc0VFfnFx5tpoG81QKMGNpGfwtFkX” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Mercedes-Benz CLA Shooting Brake е наменет за млади и технички напредни купувачи, и затоа е опремен со најновиот корпоративен мултимедијален систем MBUX со гласовни контроли и пошироки можности за прилагодување, како во однос на дизајнот, така и во однос на инсталираните апликации. Се разбира, за моделот е достапен широк спектар на електронски асистенти за возачот.

Моделот во Европа ќе биде достапен од септември оваа година.