Mercedes-AMG ја подига температурата. Project One конечно готов?! / ФОТО
Новите фотографии на Instagram даваат појасна слика за хиперавтомобилот на производителот од Штутгарт
За хиперавтомобилот на Mercedes-AMG почна да се зборува пред 4 години, кога стана јасно дека спортскиот оддел на производителот од Штутгарт работи на автомобил наречен Project One. Автомобилот со погон од Formula 1 мораше да мине низ низа тешкотии – како во текот на развојот, така и со пандемијата на коронавирус, но како што стојат работите конечно е подготвен и испораките до крајните потрошувачи треба да започнат на крајот од годината.
За да го зголеми интересот за хиперавтомобилот, Mercedes-AMG објави нова серија фотографии на Instagram. Некои од нив не се многу јасни заради користената позадина, но други откриваат детали за некои основни детали за хипeравтомобилот. И уште еднаш ни покажуваат со какви неверојатни технологии располага.
Ниту една од фотографиите не открива што се случува под „чппокривката“, но сепак има што да се види. Масивната централна перка секако игра клучна улога во дизајнот на Mercedes-AMG One. Истото важи и за активните аеродинамички елементи во задниот дел, кои исто така се јасно прикажани.
Исклучителниот изглед е надополнет со импресивен погонски систем. Хиперавтомобилот се потпира на 1.6-литарски V6 мотор од болидот Mercedes F1 W06, кој врти до 11.000 вртежи во минута. Тука се и четирите електромотори – по еден на секое тркало, благодарение на што моќноста на системот е над 1000 КС.
Шпекулациите велат дека крајните вредности може да се зголемат, а единицата може да развие повеќе од 1.200 КС. Сепак, само неколку привилегирани луѓе ќе можат да уживаат во овој автомобил, бидејќи ќе се произведат само 275 единици. Единичката цена е 2,5 милиони евра и сите автомобили се веќе продадени.