Mercedes А-класа има најниска аеродинамичка отпорност
Оваа лимузина со само 2,19 квадратни метри фронтална површина го има истиот резултат како CLA купе моделот
Колку е добар овој резултат најдобро сведочи фактот дека Volkswagen XL1, произведен во само 250 копии, има коефициент на отпорност на воздух од 0,19 Cd.
Во Mercedes често користеле воздушен тунел за да го направат автомобилот финансиски поприфатлив за секојдневна употреба.
Поради оваа причина, предниот и задниот спојлер се преобликувани така што протокот на воздух се испраќа околу тркалата.
Тука се и панелите кои ја затвораат решетката на ладилникот при поголеми брзини, а прилагоден е и подот на автомобилот…
Конечниот резултат треба да биде помала потрошувачка на гориво и помала бука во внатрешноста.
Новата лимузинска верзија на A-Class ќе биде достапна на крајот од 2018 година.