Merceded EQT Concept – премиум квалитет во малиот ван сегмент / ФОТО+ВИДЕО
Германскиот производител го претстави Concept EQT како најава за новиот продукциски модел на електрична енергија
Со концептот EQT, Mercedes обезбедува увид во идната T-класа, која заедно со новиот Citan (карго-верзија) ќе формира семејство на мултифункционални компактни возила со трикрака везда.
Како и сегашниот Citan, новиот концепт е создаден во соработка со Renault. Сепак, Mercedes се потрудил да го оддели EQT од новата генерација на Kangoo.
Возилото долгo 4.945 mm има лизгачка задна врата од двете страни, за полесен и поудобен пристап до задната клупа, а за превоз на поголем број патници на располагање е и трет ред на седишта на преклоп.
Mercedes се потрудил и внатрешноста на концептот да изгледа луксузно, па седиштата, воланот, рачката на менувачот, делови од контролната табла и панелите на вратите ги „облекол“ со квалитетна кожа Nappa.
Бидејќи ова е концепт од кој треба да се „роди“ производниот модел, Mercedes за сега не открива детали за електричниот погон.
Меѓутоа, ако се знае дека идниот сериски моноволумен ќе ја дели технологијата со моделот Renault Kangoo E-Tech Electric, треба да сметаме на електричен мотор од 100 КС и 245 Nm, кој ќе добива напојување од батерија од 44 kWh. Renault за Kangoo најави автономија од околу 265 километри, според циклусот WLTP, но можно е Mercedes да вклучи и поголема батерија во својот модел.
[useyourdrive dir=”1DFVakSAQpMbs73h3tkmBtG5u2v2vRaf_” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Сериската Т-класа на електричен погон и eCitan (карго-верзија) ќе бидат претставени кон крајот на оваа година, а во продажба би можеле да влезат на почетокот на 2022 година.