Мексиканците купиле рекорден број на блиндирани возила
Во земјата во која во 2017 година се случиле повеќе од 25.000 убиства, продажбата на возила со балистичка заштита доживува ренесанса
Бран на криминал кој го зафати Мексико во последниве години никако да се смири, а рекордниот број на убиства од минатата година се заканува да биде надминат во 2018 година.
Како резултат на големиот број убиства, пораснала и побарувачката за автомобиликои на некој начин ќе обезбедат заштита на оние кои се чувствуваат загрозени и кои се плашат од напад со огнено оружје.
Во 2018 година, регистриран е раст на набавката на блиндирани возила за 10%, на 3.284 возила.
Побарувачката за овие автомобили всушност е толку голема што производителите овие специфични возила почнале да ги прават во нивните мексикански фабрики.
Така, Audi почнал да изработува блиндирана верзија на SUV моделот Q5 во Мексико и да го продава во земјата по цена од 87.000 долари, што е помалку скапо за сопствениците отколку да ја да се потпрат на некоја фабира за надградба на автомобили во оклопни возила.
Се проценува дека потрошувачите така заштедуваат и до 10.000 долари, а ја задржуваат и фабричката гаранција на нивниот автомобил.
Блиндираните возила не ги купуваат само оние што се плашат дека некој ќе ги убие со огнено оружје, туку и поединци и фирми кои се плашат од киднапирање или грабеж.
Сопственикот на компанија за обезбедување, Артуро Авила, тврди дека неколку пати биле нападнати и ограбени и дека неговата компанија сега користи исклучиво блиндирани возила во Мексико Сити.
“Едно од злосторствата што најмногу нè погаѓа е киднапирањето, а ние се плашиме од тоа“, вели Авила.
За 2017 година, Мексико е назначен како втора најопасна земја во светот од страна на Меѓународниот институт за стратешки студии.