
Меј, Кларксон, американски „ѕверки“, drag race… / ВИДЕО
Во првата епизода од третата сезона на авто магазинот The Grand Tour, водителското трио вози американски „зверови“ по пустите улички во Детроит
Најмоќниот автомобил, Hennessey Camaro ZL1 Exorcist со околу 1000 КС, го вози Џејмс Мај, додека изборот на Ричард Хамонд е Dodge Demon. Очекувано, изборот на Кларксон е Ford, и тоа Mustang со пакетот RTR Design и моќност од околу 700 КС.
Најавното видео донесува трка на забрзување во Детроит, каде што силите ги одмеруваат Меј и Кларксон, додека Хамонд е само пасивен набљудувач.