McLaren Artura – нов хибриден суперавтомобил / ФОТО+ВИДЕО
McLaren официјално најави нов суперспортски модел со хибриден погон на почетокот на октомври минатата година, додека во ноември британската марка го откри и името на овој автомобил, Artura.
Сега, овој автомобил конечно е официјално претставен, така што нема повеќе тајни.
Претходно беше објавено дека ова ќе биде една од најзначајните презентации во целата историја на марката, при што автомобилот комбинира хибриден погон, нови технологии и лесна конструкција (има нова шасија од јаглеродни влакна наречена MCLA). Значи, хибридниот погон комбинира 3.0-литарски твин-турбо бензински V6 мотор и електромотор (за вкупно 671 КС). Литиум-јонските батерии се 7,4 kWh, а тука е и новиот 8-степен менувач со двојна спојка.
Со своите 1.495 килограми McLaren Artura забрзува од 0 до 60 милји на час (96 km/h) за 3,0 секунди, четвртина милја (402 метри) за 10,7 секунди и достигнува максимални 330 km/h.
Можно е возење и само во електричен режим (при брзина до 130 КС, кога автомобилот може да помине 30,5 км. Тука сe и и карбон-керамичките сопирачки, тркала од 19 и 20 инчи, гуми на Pirelli 235 / 35Z R19 напред и 295/35 R20 назад, ел. прилагодливи загреани седишта, изборн на седишта, Apple CarPlay и Android Auto…
Во однос на димензиите, Artura е долг нешто повеќе од 450 cm, широк нешто под 200 cm, додека меѓуоскиното растојание е 264 см. Вкупно се достапни 31 надворешна боја, а цените започнуваат од 185.500 фунти.