Mazda размислува за конкурент на Golf GTI?!
Јапонскиот hot-hatch треба да добие 2,5 литарски турбомотор
Првите луѓе на Mazda размислуваат за лансирање на спортска „тројка“, која на пазарот би требало да се појави во 2021 година. „Набилданиот“ модел би требало да добие 2.5-литарски бензински турбомотор понуден за моделите CX-5 и Mazda 6.
Овој 4-цилиндерски мотор развива 250 КС. и 420 Nm вртежен момент, што е значително повеќе од атмосферскиот мотор со истиот волумен (186 КС и 252 Nm). Сеуште не е јасно дали спортската Mazda 3 ќе добие погон на четири тркала, како и каква ќе биде менувачката кутија. Веројатно ќе биде избран механички пренос.
Интересно е дека главниот менаџер на Mazda 3 – Кота Бепу, не сака да го потврди развојот на моделот, но сепак изјавува дека и самиот тој многу би сакал појава на таков автомобил, додавајќи дека на некои од големите пазари има огромен интерес за „набилданата“ Mazda 3,.
„Дури и да поседува огромна моќ, овој автомобил треба да биде поодговорен и попријателски отколку VW Golf GTI. Тој треба да обезбедува идеална рамнотежа помеѓу комфорот и перформансите кои се најважни за амбициите на брендот“, коментира Бепу .