Mazda наградена со две награди за дизајн
Mazda CX-30 и MX-30 се добитници на овогодинешната Red Dot награда за дизајн
Компактниот SUV CX-30 и првиот целосно електричен автомобил на Mazda, MX-30, се приклучуваат на списокот на претходно наградени модели на Mazda дизајнирани во согласност со филозофијата „Kodo: Soul of the Movement“.
Mazda CX-30 е втор модел на Mazda обликуван според еволуираниот Kodo дизајн – уникатен стилски пристап чии корени се во традиционалната јапонска естетика.
Од Mazda велат дека дизајнирањето на секој елемент според принципот „помалку е повеќе“ резултирало со чисти површини на CX-30 и целосно оригинален изглед во сегментот на компактни SUV модели.
„Јапонските мајстори отсекогаш ја ценеле едноставноста и чистотата на формата“, вели Јо Стенуит, европскиот директор за дизајн на Mazda. Овој пристап ги инспирираше нашите дизајнери да ги отстранат непотребните елементи и да создадат нешто динамично, а сепак елегантно, воздржано, но и живо. Вака ние ја доживуваме јапонската естетика – сензибилитет што создава автомобили кои ги активираат вашите емоции”.
Кога станува збор за вториот награден модел, електричната Mazda MX-30, иако го задржува Kodo дизајнот, неговиот стил е истражување на помодерна естетика која се фокусира на футуристички вредности и новиот стил на живот кој полека доаѓа.
„Овој нов пристап резултираше со оригинален дизајн кој носи проширување на експресивниот дизајн на Kodo“, објаснува главниот дизајнер на Mazda MX-30 Јоши Матсуда. „Како што започнуваме со периодот на големи промени, сакаме Mazda MX-30 да им покаже на луѓето дека нашите автомобили сè уште можат да понудат задоволство при возењето“.
Најнови признанија се осма и деветта Red Dot награда за Kodo моделите на Mazda по Mazda3 (2019), MX-5 RF (2017), MX-5, CX-3 и Mazda2 (2015) , како и претходната генерација на Mazda3 (2014) и Mazda6 (2013).
Востановени во 1955 година, Red Dot наградите се едни од најпрестижните во светот на дизајнот. Победници во различни категори за обликување на производи годинава беа избрани од 48 категории, вклучувајќи ги и автомобилите и мотоциклите.