Германскиот премиум производител BMW сака повторно да биде на врвот на индустрискиот сегмент во кој се натпреварува последните сто години

Овој пат, тоа можеби не се должи на примената на технолошки решенија кои им го олеснуваат животот на клиентите, туку пред за подобрувања во производните процеси на долг рок. На саемот за автомобили во Минхен минатата есен, компанијата претстави концепт автомобил кој беше претставен со цел да му покаже на светот како е можно да се состави возило од материјали кои може целосно да се рециклираат. Иако ова е многу тешко да се постигне во моментов, тоа нема да биде случај во блиска иднина.

Според мислењето на извршниот директор на баварската компанија Оливер Ципсе, кон таа цел треба да се стремат сите производители на автомобили. Во разговор за германското издание Merkur.de, тој вели дека човештвото не може да продолжи да го развива потрошувачкиот менталитет што е изграден во изминатите неколку векови.

„Човештвото во моментов користи околу стотина милијарди тони суровини на годишно ниво, а сето тоа најмногу се отстранува од горниот слој на Земјата. Ова е пат по кој не може вечно да се оди, во економска смисла, но и во контекст на (не)одржливост“.

Како треба да се реши ова прашање во дадените околности? Одговорот е јасен и се вика рециклирање.

По презентацијата на концептот BMW i Vision Circular на IAA, Ципсе во плановите на компанијата ја воведе желбата да се направи повеќе на тема можност за идно рециклирање. Затоа, иако денешните автомобили користат само околу 30% од материјалите со можност за рециклирање, тој удел треба да се зголеми благодарение на платформата Neue Klasse, која треба да дебитира во 2025 година.

„Денешниот удел на материјали кои може да се рециклираат во новите автомобили е околу 30%, а во новата класа и на новата платформа тој процент ќе го доближиме до 50%. Во догледна иднина можам да замислам дека уделот на материјали за рециклирање достигнува 70 или 80 проценти. Сепак, овде не станува збор за обична одлука на некој од менаџментот, туку тоа мора да биде координиран стремеж на сите актери во синџирот на снабдување“, вели Ципсе полн со оптимизам.

Како главна пречка за постигнување на оваа цел, извршниот директор на BMW ја гледа достапноста на овој тип на материјали, додека процесот на нивно рециклирање е полн со предизвици од големи размери.

Во секој случај, Ципсе вели дека BMW не се плаши од предизвици и дека целите вредат труд, бидејќи успехот во оваа област би бил одлична работа за чистотата на нашата единствена планета.