Покрај хибридната верзија, Ghibli доби и освежен дизајн

Рестилизацијата на спортскиот седан Maserati Ghibli е дискретна, а со редизајнот е претставена и новината во понудата – хибридна верзија.

Станува збор за 48-волтен таканаречен „благ“ хибриден погон, базиран на 4-цилиндерски 2.0-литарски турбо бензинец. Автомобилот располага со 330 КС и 450 Nm, што е доволно за хибридниот Ghibli од 0 до 100 km/h да забрзува за 5,7 секунди, пред да достигне максимални 255 km/h.

Од Maserati велат дека хибридната верзија е 80 килограми полесна од дизел верзијата, а од компанијата велат дека овој автомобил е „совршен компромис помеѓу перформансите, ефикасноста и задоволството при возењето“. За да се постигне најдобра можна распределба на маса на оските, батеријата се наоѓа во задниот дел на возилото.

Фактот дека станува збор за комбинација на 4-цилиндерски мотор и хибриден систем не значи дека возачот нема да може да ужива во звукот на погонската единица како во другите модели на Maserati. Имено, производителот го оптимизирал системот за издувни гасови и со помош на специјални резонатори звукот на хибридот е ист како кај класичниот спортски автомобил.

Кога станува збор за потрошувачката, Maserati тврди дека, според стандардот WLTP, овој автомобил троши скромни 8,5-9,6 l / 100 km во комбиниран режим.

Според производителот, хибридниот Ghibli претставува само прв чекор во најавената електрификација на моделната гама на овој италијански производител.

Покрај хибридите, планирани се и првите целосно електрични автомобили од Maserati автомобили, а тоа се новите GranTurismo и GranCabrio, кои се очекуваат во 2021 година.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ybfG3MQerDfvfK0VoRncOLlnNYX07-Bo” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]