Малите автомобили веќе не се интересни за Smart – фокусот е на теренците
Smart се здоби со репутација во автомобилската индустрија со производство на мали автомобили, но сега во компанијата сакаат да направат чекор напред
„Smart тоа ќе го покаже со својот следен модел, подготвени сме да направиме голем чекор и да го откриеме својот прв теренец“, вели потпретседателот на одделот за продажба, Даниел Леско.
Ова Леско го открива во интервју за Automobilwoche, велејќи дека теренецот на Smart ќе биде направен по примерот на Geely, поточно на нивната платформа.
„Должината на возилото повеќе не е наш главен фактор, ние го сменивме фокусот. Ние сакаме да работиме на малку поинаков вид на возила, се разбира, со висок квалитет. Потенцијално имаме добра состојба не само во Европа, туку и во Кина, па затоа, фокусот е насочен најпрво на кинескиот и европскиот пазар “, вели Леско.