Јапонскиот производител објави промо фотографија од производната верзија на малиот електричен автомобил, кој ќе биде означен како Honda e

Honda пред две години ги изненади вљубениците во автомобилите кога го презентираше концептот на мал електричен автомобил, таканаречениот Urban EV, на саемот во Франкфурт.

Во март оваа година, на салонот за автомобили во Женева, беше претставена претпродукциската верзија (e Prototype), за која во Honda велат дека изгледа речиси идентично со серискиот автомобил кој во европските продажни салони ќе стигне до крајот на годината.

Токму поради сето она што следува, Јапонците одлучиле малку да ја загреат атмосферата пред официјалното претставување на овој електричен градски автомобил и споделија промо фотографија на која е прикажан детал од задниот дел од возилото со ознака Honda е.

На фотографијата делумно се гледаат и стоп светлата кои практично не се разликуваат од оние на претпродукцискиот автомобил прикажан во Женева во месецмарт, што не е изненадувачки бидејќи од Honda тврдат дека двете возила делат 95% од елементите.

Honda e-Prototype

Јапонската компанија сеуште ги нема објавено спецификациите на сериската верзија, но се знае дека e Prototype има возна автономија од над 200 km, а за дополна до 80% од капацитетот на батеријата потребни се 30 минути.

На крајот само како напомена дека, Honda за оваа есен го подготвува и сосема новиот Jazz (Fit), кој ќе има и хибридна варијанта. Премиерата на овој автомобил е закажана за саемот во Токио кој ќе се одржи во месец октомври.

Loading...