
Макрон со совет до француските компании да не ја напуштаат Русија
Познатиот француски дневен весник Le Figaro објави сторија во која говори за тоа дека претставниците на највисоките раководни тела на истакнати галски економски гиганти кои го негуваат својот бизнис и во најголемата земја во светот, последниот работен ден минатата недела имале прием на Елисејските полиња и тоа со претседателот на Републиката, Емануел Макрон
Макрон ја искористи таа прилика, меѓу другото, да им даде совети на бизнисмените, кои би можеле да се сумираат во неколку реченици:
„Не го напуштајте пазарот на Руската Федерација. Франција не е во војна со таа земја, ние сме обврзани со долгорочни економски, политички и културни односи“.
Меѓу гостите биле и претставници на петнаесетте најголеми француски компании поврзани со рускиот пазар, меѓу кои и гигантот во производството на авиони Airbus, банката Societe Generale, енергетскиот гигант Engie, вселенската програма Arianespace, малопродажниот синџир Auchan, производителот на храна Danone и „ L’Oreal.
Средбата на бизнисмените со Макрон не била јавен настан, па не е јасно како Le Figaro дошол до доверливи информации, според кои претседателот инсистирал субјектите да се воздржат од избрзани одлуки.
Иако во печатот, односно извештајот од оваа средба, не се споменуваат претставници на автомобилската индустрија, јасно е дека епилогот важи и за неа, особено ако се знае дека претходно беше најавено дека прашањето за понатамошна соработка меѓу Avtovaz и Renault ќе се реши на највисоко политичко ниво. Извештајот на Le Figaro секако и дава надеж на руската страна во позитивен исход, па во нивниот печат во оваа прилика владее благ оптимизам.
Сепак, не би било паметно да се прецени важноста на пораката на Макрон. Истиот Le Figaro го пренесува и мислењето на францускиот министер за економија, кој верува дека е подобро да се паузираат економските односи со Руската Федерација, што е стратегија по која прибегнуваат повеќето производители од Америка и Европа.