И покрај проблемите со некои претходно купени брендови, индискиот гигант продолжува да се шири.

Mahindra на овој начин по нова аквизиција повторно дојде во Европа. Овој пат целта била била мото програма, односн скутери, па го купила PMTC (Peugeot Motocycles) од PSA. Во Mahindra очекуваат дека оваа аквизиција ќе им овозможи продолжение на растот во Европа, но и проширување на некои нови пазари. Тие веќе најавија седум нови производи до 2021 година и задржување на брендот и седиштето во Франција. Исто така, дизајнерите на Peugeot ќе продолжат да работат во групата на развој на нови производи.

Како потсетување дека во 2011 година, групата Mahindra го презеде Ssangyong, а од 2015 година е сопственик и на Pininfarina. Од 2015 година, индискиот гигант имаше 51% од сопствеништвото на мото програмата на Peugeot, за сега да стане единствен сопственик.