Мачно за гледање: Јутјубер брутално вози Ferrari F8 Tributo како рели автомобил. Се чека реакцијата од Маранело / ВИДЕО
Ferrari е познат по тоа што е многу заштитнички настроен кон своите автомобили дури и откако ќе ја напуштат фабриката и ќе им бидат испорачани на сопствениците, па се очекува Маранело да реагира на видеото објавено од Јутјуберот WhistlinDiesel.
Италијанската компанија дефинитивно нема добро да го прифати однесувањето на јутјуберот кој буквално го злоупотребил F8 Tributo возејќи го како рели автомобил по чакал. Во својот очигледен обид да и пркоси на компанијата Ferrari, јутјуберот не се двоумел да се однесува со автомобилот со крајна суровост. Насловот на неговото видео вели дека купил автомобил само за да го уништи.
Јутјуберот го возел F8 Tributo по трева, гребени, чакал и макадам, а успеал да се искачи и по каллив рид. Возејќи намерно удрил во ограда од приватен имот. Додека поминувал меѓу дрвја, една гранка завршила во отворот на хаубата. На крајот од возењето тој „ладно“ застанал покрај маж кој користел брусилка, додека кон автомобилот летаат искри.
Овој F8 Tributo е произведен во 2020 година и претходниот сопственик ретко го користел ако се земе во предвид дека автомобилот поминал помалку од 5.000 километри. Исто така, содржи бројни опции, поради што неговата цена изнесувала 400.000 долари, меѓу кои се и бандажи Vossen и исклучително бучен издувен систем.
Јутјуберот на крајот од својата „авантура“ грубо го „измил“ автомобилот со машина за перење под висок притисок, а додека го паркирал во затворен објект, удрил и во скала. Последниот „тест“ вклучувал фрлање скали со различни големини на балон со топол воздух со кој го „заштитил“ автомобилот, а тој и неговите „соработници“ фрлаат и разни други алатки и предмети кон Ferrari-то.
Навистина, мачно за гледање.
Тешко е да се поверува дека ова е крајот на приказната со оглед на тоа што направил со автомобилот, како и фактот што се објавил на видео сервисот Youtube.