Џереми Кларксон нема некои особени симпатии за однесувањето на Луис Хамилтон на тркачките патека, па повторно го нападна актуелниот шампион

Поранешниот водител на култното шоу Top Gear дефинитивно не е фан на Хамилтон.

Секако, возачот на Mercedes во последно време не е омилен во Холандија, но и не сите во Англија му се наклонети. Кларксон и порано го има критикувано Хамилтон, а последниот коментар се однесува на трката во Унгарија на Хунгароринг и моментот кога Луис остана сам на патеката за што Кларксон вели дека е погодно бидејќи не може да удри никого.

„Луис Хамилтон треба да се„ истепа“ по задникот. Тој го помина поголемиот дел од возбудливата трка на Хунгароринг на радио врската, тврдејќи дека момчето пред него, Фернандо Алонсо, мами, што не беше точно. Потоа, Луис заврши на третото место и се чувствуваше лошо на подиумот, тврдејќи дека има последици од прележаниот Ковид, што ми се чини дека е уште еден начин да се каже: „Те молам, игнорирај го Естебан Окон, дебитантот кој штотуку ме победи. Јас сум вистински херој, не заборавајте го тоа“.

Очигледно на Кларксон не му се допаѓа ставот на Хамилтон, па додава: 

„Па, извини Луис, но ако се однесуваш така, не си. И да, плати данок“.