Дизајнерска слобода и фантазија или голема глупост?! Интересно секако

Ferrari LaFerrari + Renault Twizzy

LaTwizari

Renault Twizzy и Ferrari LaFerrari се веројатно двата најразлични автомобили во моментов во производство, но тоа не било пречка некој да помисли да ги спои во еден автомобил. Колку и да изгледа весело, се надеваме дека вакво нешто никогаш нема да се најде во производството, ниту на полица со детски играчки, уште помалку на некое друго место. 

 

FIat Multipla + Jeep Renegade

Jultipla Renegade

Кросовер кој, доколку би постоел, веројатно би бил неверојатно практичен заради својата пространост, а притоа и доста способен за теренско возење. Со оглед на тоа што Multipla е, благо речено, не премногу убав автомобил, ова соединение и не изгледа така лошо.

 

McLaren P1 + Toyota Prius

McLaren Prius1

Од една страна се наоѓа совршен спој на технологија, механика, аеродинамика и сè што е познато на човекот, трансформирано во совршен хиперавтомобил, а од друга страна средство за транспорт управувано претежно од жестоки хејтери на сè што ги поврзува возењето и забавата. Комбинацијата од ова малку потсетува на новата Honda NSX, но тешко е да се опишат чувствата што ги предизвикува вакво нешто.

 

Tesla Model X + Reliant Robin

Robin X

Дел Бој и Родни дошле до заклучок дека ако сакаат да станат милионери, треба да започнат да размислуваат за екологија. Изненадувачки, ова дури може да се замисли како возило за испорака во некој идиличен пејзаж. Цената на Tesla Model X, сепак, веројатно би претставувала мал проблем при тоа.

 

Hummer H4 + VW T1

VW H4MPER Van

Volkswagen T1 е веројатно главниот симбол на хипи движењето, мирот и сè што оди со него, а Hummer е максимална спротивност. Конечниот производ веројатно би бил интересен, иако најголем проблем би бил да изберете соодветна музика за слушање во ова возило.