Porsche 928 од филмот Risky Business e рекордeрот по продажба на аукција со цена од 1.980.000 долари

Porsche 928 во добра состојба може да се најде за само 20.000 евра, што не е премногу за фановите. Причината за тоа е што купето од Цуфенхаузен со V8 мотор поставен на предната страна од 1970-тите и 1980-тите години, за воља на вистината, никогаш не го достигнало култниот статус на моделот 911. Ниту кога се произведувало, ниту подоцна. 

Сепак, една работа може се да промени: примерокот управуван од Том Круз во филмот „Ризичен бизнис“ од 1983 година на аукција на Barrett-Jackson во Хјустон, е продаден за 1.980.000 долари! Во исто време, тоа е светски рекорд за една 928-ца од 1979 година.

Се чини дека некој бил спремен да плати онолку колку што е потребно за овој филмски автомобил управуван од Том Круз, еден од трите што се користеле во текот на снимањето на филмот, но тоа е токму приерокот кој што се користел во култната сцена со бркање автомобили во филмот. 

Филмскиот режисер на Risky Business, Пол Брикман во едно интервју има кажано дека токму тој го избрал Porsche 928 за херој на филмот, бидејќи 911-та била премногу вообичаена за него. По улогата во филмот, автомобилот се чувал во гаража и бил дел од приватна колекција.

Од Barrett-Jackson не откриваат кој платил толку многу за филмската 928-ца која е продадена по многу повисока цена од очекуваната, без оглед на тоа што е поврзана со светот на филмот и холивудската супеѕвезда.