Лоши вести за сопствениците на возила: Oсвен на автомобилите, растат и цените на резервните делови!
Цените за резервните делови за автомобили од август 2020 година до август 2021 година се зголемени во просек за повеќе од шест проценти
Не само што автомобилите стануваат поскапи, туку и цените на резервните делови се зголемуваат и тоа многу побрзо од стапката на инфлација. Според германското здружение на осигурители, овој тренд продолжил во последните дванаесет месеци. Цените на резервните делови за автомобилите се зголемени во просек за повеќе од шест проценти од август 2020 година до август 2021 година.
Што се однесува до споредбата од 2013 година, потрошувачките цени во Германија пораснале за 13 проценти, но производителите на автомобили ги зголемиле цените на резервните делови за речиси 44 проценти во истиот период. Зголемувањето на цената било особено изразено кај капаците за багажници од дури 60 проценти и задните светла за дури 67 проценти.