Локи – прв автомобил од 3D печатар / ВИДЕО
Првиот германски автомобил од 3D печатар се вика Локи (LOCI) и има само едно место за седење и отворена каросерија
Верувале или не, овој автомобил сè уште нема мотор и во моментот е повеќе скулптура отколку функционално возило, но се очекува во скоро време да биде во состојба да вози.
Ефикасен, дигитален, автономен. Ова е автомобил на иднината, како што е наведено од берлинската стартап компанија BigRep, а Локи е првиот автомобил што е направен целосно од 3D печатар.
Истражувачите се согласуваат во оценката дека автомобилите од 3D печатар мора да станат дел од секојдневното производство и промените во сериското производство се неизбежни.
Само така, велат тие, индустријата може да биде конкурентна во иднина, да ги исполни желбите на клиентите, да ги исполни стандардите за емисии на гасови – и да заштеди вредни ресурси.