Има многу случаи кога сознанието за тоа што има „зад аголот“ може да биде многу корисно за возачите, па дури и да им го спаси животот

Благодарение на новата технологија на Ford за поврзаност на автомобилите, ова сега ќе биде можно.

Податоците за локални опасности се значаен чекор на патот кон поврзана сообраќајна инфраструктура, помагајќи им на возачите да се подготват и потенцијално да избегнат опасности на патот, велат од Ford.

Новата технологија на овој автомобилски производител ќе ги предупредува возачите за несреќи, нестабилен терен, поплави па дури и лизгање на земјиштето и одрони на патот. Сите опасности кои влијаат на возачот во тој момент ќе бидат прикажани на дисплејот. Системот е дизајниран така да на возачите им даде поголема корист од информациите за опасностите објавени од радиодифузните системи кои честопати се ирелевантни или предоцна објавени.

LHI технологијата би требало да биде воведена во повеќе од 80 проценти од патничките возила на Ford до крајот на 2020 година.

Она што е најважно е дека оваа технологија нема да биде ограничена само на оние кои патуваат со возила на Ford, туку информациите од LHI ќе можат да ги користат и луѓето што управуваат други марки на автомобили

Како функционита системот LHI?

Сензорите на LHI технологијата ги следат активностите на возачот, вклучително и присилно сопирање, светла за магла…,  и го контролираат погонот на возилото за откривање на неповолни временски услови или сообраќајни услови.

Податоците од овие активности потоа се пресметуваат за да се утврди локацијата на опасноста и дали се случил сообраќаен инцидент на таа локација.

Возилото автоматски ги ажурира сите информации, додека технолошкиот партнер на Ford, HERE Technologies, управува со централната платформа која ги интегрира информациите од повеќе модели на возила.

Колку повеќе автомобили се поврзани на мрежата, толку е поголема ефикасноста на системот. Кога повеќе возила генерираат исто предупредување, другите возила во близина добиваат информации за опасностите и условите на патот. Дополнителни информации се собираат од базите на податоци на системите за јавни информации.

Loading...