Основната цена на Chiron е 3,8 милиони долари, што е отприлика доволно за да купите сопствен приватен остров и да ангажирате персонал кој ќе се грижи за него. По додавањето на различни опции, цената скока и до 4,3 милиони долари

Ајде да видиме што е тоа што вреди колку два примерока од Ferrari Roma …

Најскапата опција е бојата Blue Royal Carbon, која сама чини 222.500 долари. Бојата, сепак, не е единствената посебна опција, бидејќи Sky View чини неверојатни 62.000 долари. Станува збор за две плочи, по една над секој патник, кои на истите им овозможуваат да гледаат над нив. Панелите се изработени од ново развиена ламинирана структура со тенко стакло и четири меѓуслојни слоеви, а опцијата нуди дополнителни 2,7 cm простор за глава“.

Најевтината опција на Chiron се специјалните капаци на тркалата кои Bugatti ги нарекува EB Logo – Nocturne и ги цени на 1.250 долари. Ако се прашувате по што се разликуваат од оние на вашиот „обичен“ автомобил – епа на нив пишува EB, а тоа EB е обоено во црно. Ова ги прави повредни од просечен бенгалски тигар на црниот пазар. Но, повторно, ова е Bugatti, каде што дури и капаците на тркалата се посебни, а цените се во склад со тоа.