LF-Z Concept: Увид во електричната иднина на Lexus
Новиот LF-Z ветува 600 километри со едно полнење и преден, заден и 4х4 погон истовремено
600 километри со едно полнење, целосно нов 4х4 систем и, најверојатно, нова револуционерна батерија: ова се најинтересните карактеристики на LF-Z, кој Lexus го претстави денес како прв чекор кон својата електрична иднина.
Јапонската компанија најавува лансирање на 20 електрифицирани автомобили во следните три и пол години, иако овој број вклучува и тредиционални и plug-in хибриди. Како и да е, концептот LF-Z навестува сериозни промени во секој поглед.
Lexus сè уште не објави многу детали за моделот, уште помалку за неговото сериско производство. Сепак, познато е дека ќе има батерија со капацитет од 90 киловат часови, што ќе биде доволно за автономија од 600 километри со едно полнење. Ова е многу повеќе од конкурентите со сличен капацитет, што доведува до хипотезата дека станува збор за иновативна батерија со тврд електролит. Toyota Group на неа работи веќе неколку години.
Автомобилот ќе биде i доста ефикасен и во однос на потрошувачката, околу 15 kW на 100 километри, вели Спирос Фотинос, директор на Lexus за Европа.
Концептот ќе може да се полни на 150 kW, а во тој случај полнењето од 10 до 80% од капацитетот на батеријата се сведува на само 30 минути. Забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае 3 секунди.
Сеуште нема официјална потврда, но автомобилот скоро сигурно ќе биде поставен на новата електрична платформа e-TNGA, развиена од Toyota заедно со Subaru. Должината на концептот е 4,88 метри, а меѓуоскиното растојание – 2,95 метри. Компанијата исто така ќе понуди гаранција за батеријата за 1 милион километри.
Системот Direct4 ќе му даде на новиот модел „невидена стабилност“, уверува шефот на Lexus Europe, Спирос Фотинос.
Погонот наречен Direct4 е исто така доста иновативен. На секоја оска има по еден електромотор, поврзани со електронски систем за динамична дистрибуција на вртежниот момент, кој ќе може веднаш да се префрла помеѓу предниот, задниот и 4х4 преносот. Резултат од ова како и нискиот центар на гравитација е „невидена стабилност“, вели Фотинос. Воланот ќе биде Steer by Wire, со електронски пренос на движењата на возачот и без директно врска со тркалата. Ова е важно и поради идните системи за автономно управување.
Претпоставуваме дека надворешниот дизајн е прилично близу до идниот сериски модел. Сепак, во никој случај не е сигурно дека необичниот волан ќе преживее до монтажната линија.
Инженерите ветуваат зголемена реалност и вештачка интелигенција кои ќе прифаќаат гласовни команди и самостојно ќе учат со возењето. LF-Z ќе има и виртуелен клуч кој ќе се користи преку паметен телефон. Покривот е направен од електрохроматско стакло и може да се затемни со само едно притискање на копче.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1JVJ8BsgrA_eppKp5AU6XtOKgcwxFq25_” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]