Јапонската премиум марка потврди дека моделите IS, CT и RC ќе изостаната од понудата на производителот на пазарите во западниот дел од Европа

Интересно, претставниците на Lexus велат дека RC F ќе остане достапен за клиентите во овој дел од Стариот континент. 

Зошто толку драстични чекори од јапонската марка? Очигледно станува збор за слаба продажба на овие модели, па затоа Lexus прагматично одлучил да ги елиминира.

Засега е познато дека овие модели ќе останат во понудата за остатокот од Европа, бидејќи таму очигледно имаат подобар пласман. Јапонскиот производител веќе потврди дека новиот IS дефинитивно нема да биде достапен во Западна Европа, вклучително и во Велика Британија. Очигледно, раководството на Lexus не верува во светлата иднина на овој седан поради SUV трендот кој преовладува во овој дел од светот.

Сепак, Lexus PR службата вели дека исклучувањето на моделите IS, CT и RC е само „дел од циклусот на освежување на гамата“. Што точно тоа значи, останува да видиме, а прашање е колку долго овие автомобили ќе бидат достапни за нарачка во Западна Европа.

Lexus CT веќе е отстранет од понудата во Северна Америка, пред три години. Засега, не е јасно дали овој модел воопшто ќе добие наследник или Lexus ќе му сврти грб на целиот сегмент.

За конечен одговор на многуте отворени прашања сепак ќе треба да се почека.