Шарл Леклер го извозе најбрзиот круг во квалификациите за Големата награда на Азербејџан во Баку, додека Серхио Перез ќе биде вториот возач во првиот ред

Вториот стартен ред на утрешната трка го пополнија третопласираниот и актуелен светски шампион Макс Верстапен, како и четвртото пласираниот Карлос Саинц.

Саинц беше најбрз по првиот обид во третата квалификациска сесија со време од 1:41,814 или 0,047 секунди пред Леклер, додека Перез и Верстапен завршија на третото и четвртото место со помалку од две десетинки заостанување.

Но, Леклер повторно вози феноменален втор круг со кој ја освои својата четврта последователна пол-позиција и шеста сезонава додека Перез и Верстапен завршија на второто и третото место.

Саинз уништи се веќе во првиот сектор од вториот круг во кој задоцни речиси половина секунда па го отфрли кругот и заврши како четврти.

Најдобар од останатите беше Расел во Mercedes на петтото место, но со големи 1.353 секунди зад најбрзиот Леклер. Пјер Гасли во Alpha Tauri успеа да се протне до шестата позиција и со тоа да ги раздвои двата возачи на Mercedes на стартниот грид.

Зад Хамилтон, добрите квалификации за AlphaTauri ги потрди Цунода со пласман на осмото место пред Фетел (Aston Martin) и Алонсо (Alpine).

McLaren остана без пласман во Q3 бидејќи Норис и Рикиардо завршија на 11-то и 12-тото место по 5-то и 6-то место на третиот слободен тренинг.