За реконструкција биле потрошени 25.000 часа!

Од Sant’Agate Bolognese добивме не само модерен еквивалент на LPI 800-4, туку и официјална реконструкција на првиот прототип

По 25.000 часа работа, Lamborghini го реконструирал оригиналниот Countach. Поточно, станува збор за прототипот LP 500 претставен на Саемот за автомобили во Женева пред 50 години, а три години подоцна настрадан во краш тест.

За прославата на 50-годишнината од култниот суперавтомобил, од Sant’Agate Bolognese добивме не само модерен еквивалент на LPI 800-4, туку и официјална реконструкција на првиот прототип. Polo Storico, работилницата за реставрација на италијанскиот производител, потрошила 25.000 часа на проектот, „во име на важен колекционер“.

Мистериозниот купувач стапил во контакт со Lamborghini кон крајот на 2017 година, прашувајќи ги дали е можно да се оживее првиот прототип на Countach. При реконстукцијата биле користени оригинални резервни делови, додека одредени компоненти морале целосно да бидат обновени.

Polo Storico користел дури и Cinturato CN12 реплика гуми со кои бил „облечен“ оригиналниот прототип во Женева во 1971 година. Тие доаѓаат од палетата на Pirelli Collezione, линија на класични автомобилски гуми произведени помеѓу 1930 и 2000 година. Иако се нови, тие користат иста шема како оние од раните 70 -ти години.

Во однос на бојата, тимот од работилницата на Lamborghini ја избрал точната нијанса која се користела и на оригиналниот прототип – Giallo Fly Speciale. За прецизно повторување на големината на телото, биле извршено 3D скенирање на LP 400, за што биле потребни 2000 часа за да се комплетираат непогрешливите линии на Countach. Како потсетување, LP 400 е етикетата која се користи од производната форма, воведена во 1974 година.

Цената како и деталите за сопственикот не се откриени, но сигурно сме дека тој морал да издвои многу повеќе од 2,56 милиони фунти (22,4 милиони фунти), што е цената на новиот Countach LPI 800-4.