И покрај тоа што приватно вози Porsche, еден од најдобрите светски кошаркари активно ја промовира американската автомобилска индустрија.

Имено, тој е амбасадор на General Motors, односно новиот Hummer кој треба да пристигне на пазарот. Една од најинтересните електрични новини ја задржува препознатливоста на својот претходник, но со комплетно нова приказна под хаубата. Има напреден електричен погон со три електромотори со максимални 1000 КС и 15.600 Nm, што овозможува забрзување до 96 км/ч за помалку од 3 секунди, и покрај огромната маса.

Сетот на батерии овозможува автономија од 563 километри, a можат да се полнат на полначи со моќност до 350 kW. Тоа значи дека за 10 минути полнење се добива 160 километри автономија.

https://youtu.be/Iu6NfYyJhKc

Станува збор за топ изведбата Edition 1, по цена од 112.595 американски долари.