Lamborghini Urus собори рекорд на брзина на мраз
Ако некогаш сте возеле на заледена подлога, знаете колку е важно да ја прилагодите брзината во услови на намалено триење
Па дури и кога се забавувате, тешко е да се контролира возилото. Затоа, за да се собори брзински рекорд на мраз, покрај искуството и обезбедените услови, потребно е да имате и силни нерви.
Lamborghini нашол таков возач кој го извел Urus на заледена подлога. Станува збор за Андреј Леонтиев кој веќе 18 пати го има рушено овој рекорд. Целиот настан е дел од спектаклот „Days of Speed“ кој секоја година го бара најбрзиот на мразот. Оваа година победникот е Urus. Верувале или не, по замрзнатата површина на Бајкалското Езеро постигната е брзина од 298 km/h. Не е познато колку време му требало на возилото да застане.
Треба да се наведе дека за време на тестовите забележана е и поголема брзина – 302 km/h. Во исто време теренецот на Lamborghini поставил уште еден рекорд (забрзување од место на дел долг 1000 метри), каде успеал да постигне просечна брзина од 114 km/h. Набљудувачи на настанот биле FIA и RAF (Руската автомобилска федерација), чии коментари ќе следат во април.
Lamborghini Urus го придвижува 4.0 V8 со 650 КС и 850 Nm. До 100 km/h стигнува за 3,6 секунди, до 200 km/h за 12,8 секунди, а максималната брзина е 305 km/h.