Urus е најпродаваниот модел на Lamborghini во историјата на производителот

Не толку одамна, автомобилскиот свет беше зачуден дека една спортска марка ќе понуди SUV модел. Urus на сцената stapi во декември 2017 година. Првата целосна година во продажбата на Urus беше 2019 година, кога Lamborghini го удвои бројот на испорачани возила токму благодарение на успехот на тоа возило.

Поучени од успехот, и други слични компании тргнаа по истиот пат, па тие или веќе го понудија својот адут или ќе го сторат тоа во многу блиска иднина.

Уште еднаш, Urus е најпродаваниот Lamborghini досега, надминувајќи го некогаш популарниот Gallardo. Овој модел во текот на неговата десетгодишна кариера има 14.022 регистрации, но на теренецот му требаше далеку помалку време за ваков подвиг.

Јубилејната единица, чија шасија носи број 15.000, наскоро ќе му биде доставена на купувачот од Велика Британија. Бестселерот на Lamborghini се очекува да продаде над 17.000 примероци до крајот на годината, а бидејќи се уште е во „зенитот на својата кариера“, не е нереално да се премине магичната граница на испорачани 20.000 возила, што е неверојатен успех за еден модел во оваа класа.

Меѓу другото, Urus наскоро ќе добие и plug-in хибридна верзија, сето тоа во согласност со напорите за електрификација на италијанската марка. Оваа варијанта на батерија треба да биде понудена во 2023 година.

Lamborghini ја заврши првата половина од тековната година со огромен успех и рекордна продажба. Компанијата испорачала вкупно 4.852 автомобили, од кои повеќе од половина се Urus – дури 2.796 регистрации.