Lamborghini има нов најпродаван модел во историјата
Италијанскиот производител изработил 14.022 примероци од Huracan за само пет години, додека за истиот број на автомобили Gallardo требале дури десет години.
SUV моделот Lamborghini Urus во моментов е најбараниот модел од италијанскиот производител, но историски гледано најпродаваниот автомобил е Huracan кој се произведува од 2014 година.
Компанијата сакала посебно да го обележи производствотона 14.022 примерок од овој модел со оглед дека возилото ја понесува титулата најпродавано Lamborghini на сите времиња. Успехот на Huracan е поголем пред се поради тоа што бројот е досегнат за 5 години, додека на до скоро најпродаваниот модел – Gallardo, му треба повеќе време (2003-2013).
Во Lamborghini изјавуваат дека 14.022 примерок наменет за клиент во Јужна Кореја.
Во однос на резултатите од продажбата за тековната година, Lamborghini досега испорачал 1.211 Huracan модели, 649 Aventadors и дури 2.693 SUV уруси во првата половина на 2019 година.
Во првите шест месеци се направени вкупно 4.553 бул-бег-автомобили, што претставува зголемување од 96% во однос на истиот период во 2018 година.