
Lada Niva се произведува и во Германија
„Германскиот“ теренец чини три пати повеќе од руската верзија
Partizan Motors, компанија специјализирана за развој на специјални теренци, го склопила првиот примерок од Lada Niva Legend. Овој модел е посветен на 50 -годишнината од основањето на фабриката Волга, во која ја произведува легендарната Niva.
Планот на Германците предвидува производство на 50 единици во Магдебург, од кои секоја ќе ги добие сите потребни сертификати и таблички како ознака дека е дел од лимитирана серија. Цената на автомобилот, која вклучува даноци и такси, изнесува 19.900 евра, што е 3 пати повеќе од руската верзија на Lada Niva Legend со три врати.
Во Partizan Motors располагаат со сите потребни капацитети за производство на автомобили, кои ќе бидат доставени до изложбениот салон на дилерот Fahrzeuge Bögelsack Service & Verkauf GmbH во Халберштат. Германската компанија сериозниот скок на цената го правда со многуте подобрувања. Машината добила зголемен клиренс, алуминиумски бандажи и нови Goodrich гуми со димензии 215/65 R16, како и заштитни калници, прагови…
Покрај тоа, „германската“ Niva добила засилени браници, шини на покривот, LED фарови… Ентериерот подразбира целосно кожа.
Од Partizan Motors дополнуваат дека и покрај одлуката на AvtoVAZ да ги прекине официјалните испораки на Lada во Европа, моделите како Niva и понатаму се многу популарни во Германија и компанијата ќе продолжи да помага при нивната испорака. Според некои податоци, во Германија веќе има околу 250 единици на Lada Niva Легенд, од моделната 2021 година.