Популарен YouTuber купил нов Tesla Model 3, а потоа решил темелно да го прегледа

За Tesla и Model 3 многу пати е зборувано. Освен фактот дека на почетокот на производството имаше многу проблеми, најмалиот Tesla автомобил често пати е критикуван и поради квалитетот на изработката. Недостатоците и недоследностите можеа да се видат во бројни детали, а се случувало и нови делови кои буквално да отпаѓаат.

Денес, Model 3 има континуирано производство, а има и статус на најпродаван електричен модел. Многумина се прашуваат дали квалитетот на изработка е подобрен. Меѓу нив е и Џејсон Фенски, популарно лице на YouTube каналот  Engineering Explained.

Фенски неодамна го купил својот примерок и одлучил темелно да го прегледа. По само 35 поминати километри, со визуелен преглед Фенски воочил неколку отстапувања, особено во црвената боја, за која треба да се доплати 2.500 долари. Но ова не е единствениот проблем. Дали станува збор за банални грешки кои можат да бидат простени? Погледнете сами.