Производителот на ултра-премиум автомобили од островот, Rolls-Royce, пред само неколку дена го претстави моделот наречен Boat Tail, кој во истиот момент се устоличи како најскапиот автомобил на светот

Луксузното возило нуди можност за транспорт до четири лица, „со ветер во вашата коса“, додека етикетата со цената на овој уникатен кабриолет е на ниво од 28 милиони американски долари. Кабриолетот е создаден како дел од новата програма наречена Coachbuild.

И додека светот сè уште е во неверување, зачуден од огромната цена на возилото, се појавија гласини за тоа кој ја нарачал прекрасната креација на четири тркала. Така, се шпекулира дека станува збор за американската пејачка Бијонсе, односно нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи.

Специјално скроениот Boat Tail, чија изработка траела четири години, е одраз на личниот вкус за луксуз, нежен стил и карактер на клиентите. Како што некои медиуми забележуваат, персонализираната копија на Rolls-Royce го рефлектира вкусот на моќниот пар во секоја смисла.

Кога го договорал производството на ова уникатно возило, клиентот барал нијансата на каросеријата да биде слична на онаа што го краси океанот, односно сината. Познато е дека ова е омилена боја на пејачката двојка Бијонсе и Џеј Зи, заснована на фактот дека тие на својата ќерка и дадоа име Сина Ајви (Blue Ivy).

Во официјалното соопштение за јавноста, Rolls-Royce го оправдува овој избор со изјава дека тоа е „омилената нијанса на клиентот“. Со цел да се постигне целта за што понежно нанесување на слојот на боја на каросеријата на возилото, професионалецот на крајот со прст преоѓал преку линиите на каросеријата за да ги омекне рабовите, пред да се исуши премазот.

Понатаму, во извештајот се наведува дека во задниот дел на автомобилот бил монтиран двоен фрижидер, за кој дизајнерот тврди дека е развиен специјално за да одговара на винскиот вкус на клиентот, каде што има намера да го држи омилениот шампањ наречен Armand de Brignac.

Имено, Џеј Зи во 2014 година ја купи компанијата Armand de Brignac, и до ден денес е сопственик на половина од уделот во капиталот на истата, со оглед на фактот дека во меѓувреме отуѓил 50%. Вградената опрема овозможува брзо ладење на шампањот до шест степени Целзиусови, што е оптимална температура за оваа сорта.

Има уште еден индикатор кој ги тера познавачите на состојбите во светската трач зона да се сомневаат дека купувачот на Boat Tail е познатара брачна двојка. Имено, формата на ова возило изгледа како грациозните јахти од класата Ј. Исто така, познато е дека моќниот пар ужива во времето поминато на француската ривиера и морето.

Се наведува ии дека Џеј Зи ја потпишал внатрешноста на решетката за ладилникот, веднаш под логото на брендот од островот, пред да се постави на возилото, додека Бијонсе направила нешто слично, веднаш под значката на компанијата на задниот дел од автомобилот.

Дали е така како што се шушка, останува да покаже времето.

Инаку, Rolls-Royce Boat Tail доаѓа во 3 примероци, а секоја од нив чини 28 милиони долари

На почетокот од минатата недела, Rolls-Royce објави дека ја обновува својата дивизија Coachbuild, која ќе развива сопствени модели по нарачка. Оваа практика беше запрена во 1965 година, но се врати во 2017 година, кога компанијата го претстави Sweptail – уникатно купе, направено во една копија по нарачка на непознат клиент.

Сега Британците го преставија кабриолетот Boat Tail, кој го носи името на неколку многу ретки автомобили од марката од почетокот на минатиот век. Сепак, неговата најблиска модерна врска е со Sweptail, кој кога беше пуштен во продажба беше прогласен за најскап нов автомобил во светот со цена од 12,8 милиони долари. Оваа титула му ја одзеде Bugatti La Voiture Noire проценет на 13,4 милиони долари, но е повеќе од 2 пати поевтин од Boat Tail.

Rolls-Royce сè уште официјално не ја објави цената на кабриолетот, но се тврди дека станува збор за 28 милиони долари. Покрај тоа – веќе се нарачани 3 единици од овој модел, секој прилагоден на барање на клиентите кои сакаат да бидат целосно сигурни дека никој друг нема да има таков автомобил.

Во срцето на кабриолетот Boat Tail е новата верзија на алуминиумската платформа Architecture of Luxury, која е поставена на новата генерација на Phantom со должина од околу 5.800 mm. Сите панели на каросеријата се целосно нови, а специјално за овој модел се создадени 1813 делови, чиј дизајн траел 20 човечки години.

Под долгата хауба се наоѓа познатиот 6,75 литарски битурбо V12 од Phantom, развивајќи 563 КС. Од Rolls-Royce не го посочуваат забрзувањето од 0 до 100 km/h, но се чини за тоа тешко и кој и да е дека е заинтересиран.