Кучињата во автомобилот додека возите може да бидат многу опасни доколку нивниот транспорт е соодветен

Имено, Швеѓаните, спровеле истражување во кое се утврдило дека сопствениците на кучиња кои не ги врзуваат своите миленици во возилото, возат многу полошо и понебезбедно, имаат помала концентрација и зголемен стрес.

Volvo слелед 15 возачи со кучиња повеќе од 30 часа на пат и забележал дека возењето на неврзано куче влијаело врз возачот споредено со ситуации кога кучето било врзано.

Кога на кучињата им било дозволено да се движат низ возилото затоа што не биле врзани, лошите реакции на возачот биле двојно повеќе зголемени. Исто така, времето во кое возачите не биле фокусирани било подолго, а нивото на стрес зголемено.

„Иако кучиња што се движат во возило може да изгледаат симпатично, тоа е голем ризик и за возачот и за нив“, велат експертите.