Кремите за сончање и лосиони за раце ја оштетуваат внатрешноста на автомобилот! / ВИДЕО
Продажбата на креми за сончање, лосиони за чистење раце и производи против инсекти во летните месеци секогаш е навистина голема. Најпрво се бориме со сонцето наутро и попладне, навечер против инсектите, а често ги чистиме рацете со бела прозирна течност која ги претвора во зона без бактерии. Но, има еден проблем со сите овие средства: хемикалиите во нив може да оштетат делови од внатрешноста на автомобилот, како што е воланот, на пример. Истражувањето е спроведено од инженери на Ford
„Дури и најбезопасниот производ може да предизвика штета ако дојде во контакт со одредени површини во автомобилот стотици и илјадници пати во текот на една година“, вели Марк Монтгомери, инженер во Европскиот центар за материјали на Ford.
Во кремите за сончање голем удел има титаниум диоксид, кој може да реагира со кожата на воланот или со кожниот тапацир на седиштата. Во Ford, следелe големи и чести оштетувања на внатрешноста на автомобилите во Турција и можеле да ги поврзат со прекумерната употреба на лосион за чистење раце, кој содржи до 80 проценти етанол.