Креативен сопственик: Успеал да смести дури седум автомобили во гаража наменета за само три! / ФОТО
Гаражата на Крис Хулингер во Тексас изгледа комплицирано и нејасно, па сепак, работите се многу поедноставни отколку што изгледаат на прв поглед
Многумина од нас сонуваат за голема колекција на автомобили, но ретко размислуваат за нивното складирање. Типичните гаражи се мали и се наменети за еден или два автомобили, така што секое дополнително возило што го сакаме, најверојатно, ќе треба да „седи“ надвор. Постојат покреативни начини за користење на гаражниот простор, а тоа го направил и еден сопственик на мини колекција, претворајќи ја својата гаража за три автомобили во една за седум.
На прв поглед, гаражата на Крис Хулингер во Тексас изгледа комплицирано и нејасно. Сепак, работите се многу поедноставни отколку што изгледаат на прв поглед. Се чини дека Крис е фан на Dodge Viper со оглед на тоа што се забележуваат дури пет примероци. Покрај нив, тука се и Tesla Model X и Toyota RAV4.
Иако организацијата на просторот на Крис е доста импресивна, треба да се забележи дека сепак еден автомобил останал без „покрив“. Имено, Крис е сопственик и на Chevy Bolt кој недостасува на фотографиитеод гаражата, но сигурно и за него има решение.