Кралот на рокенролот е „жив“ и вози Fiat Strada! / ВИДЕО
За потребите на реклама за пикапот Fiat Strada, во Бразил е „оживеан“ кралот на рокенролот
Иако почина во 1977 година на само 42-годишна возраст, кралот на рокенролот е сè уште исклучително популарен, за што сведочи и оваа необична, но многу забавна реклама направена од бразилската филијала на Fiat.
За потребите на рекламата, продуцентите го „оживеале“ ликот на Елвис и со неговата бесмртна песна „Blue Suede Shoes#, снимиле весело двеминутно видео:
Продуцентите всушност го ангажирале еден од најпознатите имитатори на Елвис, познат по сценското име Дин З. Сличноста со оригиналниот Елвис е постигната во пост-продукцијата, со помош на специјален софтвер, а неговите снимки од 1968 година послужиле како основа за ликот на кралот на рокенрол.
Иако креаторите на рекламата посочуваат дека сакале да му оддадат почит на легендарниот рокер на овој начин, оние што се запознаени со вкусот на Елвис за автомобили, велат дека тој само би ја завртел главата при споменување на Fiat.
Пикапот Fiat Strada, кој е достапен во Јужна Америка, навестuva дека ќе биде продажен хит во Бразил, со оглед дека производителот веќе примил 6.000 нарачки во првите 10 дена.
Новиот Fiat Strada беше претставен оваа пролет. Првично, на клиентите ќе им се понуди верзија со 4 врати и малку пократок оддел за товар, а подоцна во понудата ќе се придружи и модел со 2 врати и поголем карго дел.
Должината на камионетот е 4.480 mm, а отворениот товарен дел има димензии 1,173 x 1.059 mm, додека носивоста е 650 килограми.
Fiat Strada користи 1.4-литарски бензински мотор со 88 КС (65 kW) и 123 Nm, а достапна е и малку помоќна единица со 110 КС (81 kW) и 140 Nm.
Двата мотори се спарени со 5-степен мануелен менувач. Овој модел во Бразил чини околу 12.700 евра.