Крај за легендарниот германски компакт? Директорот на Volkswagen: „Развојот на Golf 9 би бил прескап“
Со целосно електричен погон, VW ID.3 е алтернатива на Golf во компактниот сегмент
Еден од најпопуларните компактни автомобили во светот, VW Golf, веројатно нема да добие наследник. Причина? Зголемените трошоци поврзани со развојот на возила со внатрешно согорување, како и сè построгите регулативи за емисиите на издувните гасови.
Извештајот од германското издание Welt минатиот месец сугерираше дека сегашната осма генерација на VW Golf би можела да биде нејзината последна.
Според изјавата на Томас Шефер, извршен директор на VW, електричните возила се подобар избор во помалите класи како што се компактните, бидејќи наскоро ќе бидат попристапни од моделите со внатрешно согорување.
„Сè уште ќе треба да видиме дали вреди да се развие ново возило што нема да издржи цели седум или осум години како порано“, додавајќи дека таквиот потег би бил „исклучително скап“.
Извршниот директор признава дека работеле на фејслифтинг за сегашниот Golf, но вели дека судбината на моделот ќе биде решена во следните дванаесет месеци.
Можното пропаѓање на Golf не звучи толку изненадувачки ако се земе предвид дека земјите од ЕУ се согласија да продаваат само возила со нулта емисија од 2030 година.
Сепак, ова е во спротивност со претходната најава на VW дадена во март 2021 година, потврдувајќи ги новите генерации за Golf, T-Roc, Tiguan и Passat пред марката да се префрли на возила само со електрична енергија за 8 години.
Тековната генерација на Golf беше претставена во 2019 година и се базира на најновата верзија на модуларната MQB архитектура. Ова значи дека со фејслифтинг во 2023 или 2024 година, животниот циклус на Golf 8 би можел да се продолжи до 2028 година. .
Зборувајќи за зголемените трошоци во ерата на регулација на емисиите на Еуро 7, Томас Шефер вели дека се очекува цените на возилата со традиционален погон да се зголемат за 3.000 до 5.000 евра, бидејќи ќе мора да интегрираат софистицирани издувни системи.
„Со мал автомобил овие дополнителни трошоци тешко може да се надоместат. Значи, почетната мобилност со мотори со внатрешно согорување ќе биде значително поскапа“, додавајќи дека „Индивидуалната мобилност е основна потреба и мора да остане остварлива во иднина“.
Шефер смета дека електричните возила се решение за овој проблем, а VW Group веќе работи на четири релативно достапни мали електрични модели за 2025 година.
VW ID.2 се очекува да стартува под 25.000 евра, што го става многу блиску до сегашната цена за VW Golf од средната класа. Почетното EV, заедно со неговите браќа и сестри од Škoda и Cupra, се очекува да нуди опсег од најмалку 350 до 400 km, што го прави пристапен за повеќето луѓе.
Исто така, архитектурата EV, која ќе биде скратена верзија на платформата ID.3 MEB, ќе обезбеди пространа внатрешност која ќе биде споредлива со моделите со погон на ICE во поголеми сегменти.
Сите овие работи би можеле да го принудат VW да го прекине Golf, потпирајќи се ID.3 so слични димензии и помалиot ID.2 како индиректни замени за некогаш освојувачкиoт компактен хечбек.
Ако бордот на директори на VW Group одлучи да ја отфрли ознаката Golf, тоа ќе го означи крајот на една ера, бидејќи првата генерација беше претставена уште во 1974 година. Но, како што докажува прекинатата Beetle во 2019 година, VW не се плаши да пензионира популарен модел во корист на својата електрична линија…