Италијанската влада најави дека има намера да воведе забрана за продажба на класични термички мотори, односно возила кои ги користат, веќе во 2035 година

Се чини дека ова е голем пресврт со оглед на тоа дека само пред неколку месеци, кога Европската комисија го претстави предлогот за забрана на продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување на територијата на ЕУ, Италија жестоко се спротивстави на таквиот потег. Потоа побараа рокот да се помести за неколку години и да се дозволат ослободувања за производителите со мал обем на производство…

Сега, доаѓаат сосема поинакви вести. Тамошната влада објави дека од 2035 година веќе нема да може да се купува нов автомобил кој користи дизел или бензински мотор. Ова се однесува на патничките автомобили, а комерцијалните возила ќе можат да се потпираат на овие погонски единици до 2040 година. Покрај тоа, Италијанците имаат намера навистина да обезбедат посебен статус за брендовите кои произведуваат мал број возила, како што се Ferrari, Lamborghini, Pagani…

Италијанската влада посочува дека во следниот период ќе започне програми за понатамошен развој на инфраструктурата за полнење електрични модели, но и за оние кои користат водородни горивни ќелии. Дополнително, на Апенинскиот полуостров надежите се полагаат во таканаречените биогорива, кои би можеле значително да го продолжат животниот век на моторите со внатрешно согорување доколку би можеле да се потпрат на такво гориво.