Моделот 4C во варијанта купе заминува во историја, додека кабриолет варијантата ќе биде достапна уште некое време

Во новиот петгодишен план на FCA, односно на Alfa, нема простор за споменатиот модел, а од јануари 2019 година, купето 4C заминува во пензија. Од појавата на пазарот, овој автомобил требаше да ја подигне продажбата на италијанскиот бренд и да се наметне како најголем конкурент на Porsche 718 Cayman.

Како главен пазар беа предвидени САД и Кина, но ниту на еден од двата Alfa 4C нема добри резултати. Едноставно, и овој сегмент, се чини страда поради SUV манијата која владее на глобално ниво, но и конкуренцијата е исто така жестока.

Тестовите на Alfa Romeo 4C укажуваа дека станува збор за автомобил со многу перформанси, а некои го нарекуваа и „малиот Ferrari“. Сепак, има и многу мани: слаба звучна изолација, непријатни седишта, екстремно мал багажник, недостаток на простор за мали предмети во внатрешноста на салонот …

Италијанскиот бренд најави дека замената за моделот во заминување ќе биде моделот 8C.