Крај на зависноста од руската нафта? Германија започнува масовно производство на синтетички бензин и дизел?!
Синтетичките горива или eГорива се произведуваат од обновлива енергија, CO2 и вода
Германија е еден од клучевите за европската енергетска (не)стабилност. Долгорочното потпирање на евтината руска нафта и гас создаде зависност што е тешко да се искорени, а тоа е јасно во време на криза и војна како што е случајот со Украина. Големата германска економија се храни со гас и нафта од исток, па во тој контекст треба да се разбере и политиката кон Русија. Сега, сепак, јасно е дека парадигмите треба да се променат, но за новите енергетски политики е потребно време.
Синтетичките горива се сè уште ретки и екстремно скапи и до неодамна беа излез само за компании како Porsche, кои бараа начин да ги одржат во живот своите скапи „спортисти“ како 911 во време кога во Европа ќе се бараат нула емисии. Сегашната ситуација би можела да ги приближи синтетичките горива до сите возачи како замена за дизелот и бензинот добиен од нафта. Поголемото производство значи и пониски цени.
Групата eFuel Alliance е убедена во следното сценарио – ако развојот на индустријата за синтетички горива започне сега во Германија, тогаш првите количини по пристапни цени ќе бидат достапни веќе во 2025 година. Синтетичките горива би можеле да заменат дури 70 отсто од увозот на руската сурова нафта до 2030 година. Синтетичките горива или eFuel се произведуваат од обновлива енергија, CO2 и вода. Тие можат да го заменат бензинот и дизелот и да се користат во сите автомобили со мотори со внатрешно согорување. Тие обезбедуваат нула емисии за време на согорувањето.
Алијансата eFuel е интересна група посветена на индустриското производство на синтетички горива од обновливи извори на енергија. Меѓу 174-те членки се Siemens Energy, Bosch, Mazda и ADAC. Целта на иницијативата е да се препознаат синтетичките горива како придонес за заштита на климата.