Дури 80 отсто од RS линијата на брендот од Инголштад ќе има некаква форма на електрификација, вклучувајќи и низа целосно електрични RS модели

2018 Audi PB18 E-tron Concept

Официјално, Audi R8 ќе биде заменет, а новиот модел би можел да биде и сосема поинаков од претходникот. Audi R8 се прозиведува од 2006 година и повеќе од две генерации се покажаа како совршен водечки автомобил на марката.

Сепак, германскиот производител се посвети на електрификацијата и за време на неодамнешно интервју за CNET, менаџерот за маркетинг на производи на Audi Sport, Линда Курц, откри дека R брендот ќе се префрли целосно на електричен погон. Накратко, следниот предизвик на производителот на автомобили ќе биде трансформацијата на сегментот R, а сегментот R ќе биде целосно електричен. Ова е нашата работа за следната деценија“, вели Курц.

Сепак, во интервјуто не е наведено дали R8 ќе добие директен наследник, туку едноставно е сугерирано дека идните модели со ознаката R ќе бидат електрични. Исто така, Курц не прецизира кога можеме да го очекуваме електричниот R8, наведувајќи временски период на трансформација за следната деценија.

Во извештај од Германија во октомври се тврдеше дека R8 ќе преживее во трета генерација и ќе го отфрли атмосферскиот V10 од сегашниот модел во корист на 4.0-литарски V8 со двојни турбо полначи, користено во Lamborghini Urus и некои други модели на VW Group. Во извештајот се наведува и дека моделот би можел да добие некаква форма на хибридизација и да испорача околу 700 КС. Исто така, предложено е на клиентите да може да им се понуди целосно електрична верзија на R8.

За време на интервјуто за CNET, Курц додава дека 80 отсто од линијата RS на брендот ќе има некаква форма на електрификација, вклучувајќи и низа целосно електрични RS модели.