![Коронавирусот ја откажа МотоGP трката во Катар](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/03/qatar.jpg)
Коронавирусот ја откажа МотоGP трката во Катар
Како што пренесуваат светските медиуми, организаторите на MotoGP шампионатот решиле да ја откажат Гран при трката за ГН на Катар во кралската класа поради коронавирусот. Интересно, трките во Мото2 и Мото3 треба да се одржат според планот
Причините за оваа одлука се зголемените безбедносни мерки при пристигнувањето на патниците во Доха, како и фактот што возачите од категоријата Мото2 и Мото3 се веќе во главниот град на Катар.
Поради појавата на епидемијата на корона вирус во Италија, сите оние кои од оваа земја ќе патуваат во Доха, исто како и од Малезија, Тајланд и Јапонија, ќе треба да бидат прегледани по пристигнувањето во Катар. Доколку се открие дека некој има треска, патникот ќе биде ставен во карантин, што е мерка која се презема и за сите оние што пристигнуваат од Јужна Кореја, Кина и Иран. Затоа е донесена одлука за откажување, бидејќи вкупно шест возачи во кралската класа се од Италија, а од таа земја сигурно ќе долетаат уште многу фанови, како и бројни претставници на тимот.