Корејска ракета: Ова е новиот Hyundai i20 N Rally1, болид за новата WRC ера со хибриден погон / ВИДЕО
Под хаубата се наоѓа 1.6-литарски турбо бензинец со четири цилиндри и електричен мотор од 100 kW
Новата WRC сезона, започнува на 15 јануари со свеченото отворање на сезоната, а Hyundai штотуку официјално го претстави тркачкиот автомобил i20 N Rally1 кој ќе се натпреварува против Toyota GR Yaris Rally1 и M-Sport Ford Pumа Rally1. Како што предвидуваат новите прописи, сите натпреварувачи ќе користат хибриден погон, а новата класа Rally1 значи збогување со класата WRC.
#WRC Our Hyundai i20 N Rally1 is ready to embark on the new @OfficialWRC hybrid era ⚡️? #HMSGOfficial #Rally1 pic.twitter.com/Ck7GPFsnd7
— hmsgofficial (@HMSGOfficial) January 10, 2022
Новиот тркач на Hyundai ги прифаќа линиите на новата генерација на градскиот модел i20 N, а додаден е екстремен аеро-боди кит вклучувајќи широки предни и задни калници, поагресивно дизајнирани браници, централно лоцирана завршница на издувот и масивно задно крило со екстензии. Изгледот на тркачкиот автомобил изгледа атрактивно во светла и темно сина и портокалова боја и бандажи со повеќе краци на кои се поставени Pirelli P-Zero гуми.
Под хаубата се наоѓа 1.6-литарски турбо бензинец со четири цилиндри и директно вбризгување, кој работи заедно со електричен мотор кој произведува 100 kW и 180 Nm за вкупно околу 500 КС при искористување на целосниот потенцијал на двата погони.
Моќта се пренесува на сите четири тркала преку 5-брзински секвенцијален менувач, додека батерија од 3,9 kWh со куќиште од јаглеродни влакна ќе биде извор на енергија за е-моторот. Батеријата ќе се полни со регенеративно сопирање, но и од надворешен извор на енергија помеѓу фазите.
Претседателот на Hyundai Motorsport GmbH, Скот Нох, е убеден дека тие имаат се што им е потребно за да се борат за третата конструкторска титула (по 2019-2020), а се надеваат и на возачка титула. Возачи се Тиери Нојвил и От Танак, додека седиштето на третиот болид ќе го делат дебитантот Оливер Солберг и ветеранот Дани Сордо. Сезоната започнува од 20 до 23 јануари со релито Монте Карло.
https://youtu.be/ktud6oAo3nc